Пат до Данска за одумдесет дена. Вака е наречен новиот македонски авантуристички риалити филм во кој ракометната репрезентација го обиколи светот шест пати за да стаса на шампионатот во Данска. Идејата за сценариото на филмот е на Ракометната федерација на Македонија која беше изненадена од скопската магла во јануари што го затвори аеродромот Александар Магловити.
Сепак, патувањето, освен од Скопје до Софија (кога се возеа со автобус) бешеавионско, па во РФМ тоа го сметаа како идеална прилика да се усоврши патентираната македонска тактика “Клај гол”, промовирана од претходниот селектор Шундо на претходното големо натпреварување.
– Целта и на овој шампионат ќе биди да се клај гол. Со мали измени во одбраната, каде што тактиката овојпат ќе биди да не ни се клај гол. Таа трансформација ќе мора бргу да се праи и да се внимава да не се помешаат тактиките по 146-те лета што не фатија до Данска – објаснуваат од стручниот штаб.