Ковид 19 во Србија: Нови 299 заразени, 13 починати и 110 на респиратор

by Fokus

Според последните информации во Србија, до денеска во 15 часот, потврдено е присуство на корона вирусот кај уште 299 лица.

Во истиот период, починаа 13 пациенти, што е највисок број смртни случаи во еден ден од Ковид-19.

Тестирани се 8.287, или вкупно 455.604‬.

До сега регистрирани се 16.719 случаи, а починаа 330 лица.

Во моментот активни се 2.942 случаи, на респиратор се 110 пациенти, а стапката на смртност изнесува 1,97 отсто.

Поврзани новости