Ковид 19: Скопје 60, Свети Николе 29, Куманово 13, Гостивар 23, Тетово 13, Дебар 17

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777,  бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.

Поврзани новости