Конечни резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

by Fokus

Државната изборна комисија денеска одржа јавна седница на која ги објави конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 15 јули.

Според официјалните резултати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ – 327.408 гласа, односно 35,89 отсто и 46 освоени мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57 проценти или  44 мандати.

Демократската унија на Албанците- ДУИ  освои 104.699 гласови или 11,48проценти, 15 мандати, коалиција Алијанса/Алтернатива  има 80.000 гласови или 8 проценти или 12 мандати, Левица – 30.426 гласови или 4,1 процент – 2 мандати, ДПА – 13.930 гласови или 1.53 отсто – 1 мандати.

Седницата на ДИК беше закажана вчера попладне, откако Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори, со што ги потврди решенијата на ДИК. Во 12 часот во просториите на Комисијата е закажана свечена седница, на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.

Поврзани новости