Казнети 425 мотоциклисти, одземени осум мотоцикли

by Fokus

За направени прекршоци казнети се 425 возачи на мотоцикли во засилена акциска контрола на полицијата спроведена од 15 до 21 август 2022 на територијата на државата.

– Од нив, 312 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 60 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради побезбедни патишта.

Поврзани новости