Казна затвор од 22 години и 6 месеци за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

by fokus

Поранешниот американски полицаец Дерек Шовин, кој беше обвинет за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, е осуден на 22 години и шест месеци затвор. Обвинителството побара казна од 30 години затвор.

Со добро однесување, Шовин може да биде ослободен откако ќе издржи две третини од казната, односно за 15 години. Шовин беше осуден во април за убиство на Флојд за време на апсењето во Минеаполис на 25 мај минатата година.

Тој денеска изрази сочувство до семејството на Џорџ Флојд пред судот, пред да биде изречена пресудата.

Поврзани новости