Каракамишева: На Македонија и треба нова матрица на владеење, а ние имаме знаење и квалитет за тоа!

by fokus

Денес, како и на сите до сега одржани лидерски средби, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покажавме на дело како достоинствено и со правни аргументи се бранат Уставот и законите на земјата, како се брани Македонија и националните интереси, напиша професорката Тања Каракамишева на својата фејсбук страница, а потоа статусот беше споделуван од профилите на различни комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

-На Македонија и се потребни вредности што нема да бледеат од сонцето на криминалната власт што е инсталирана во земјата за еднократна употреба!
Македонија нема да дозволи под плаштот на ЕУ и на НАТО да останат неказнети криминално организираните тендери и желбата да се пљачка државата на секаков можен начин! Транзиционите политичари ќе мора конечно да го напуштат кормилото на бродот што не носи во национална катастрофа! Тие немаат ниту легитимитет да зборуваат за европските вредности зад кои цело време се задскриваат!
На Македонија и треба нова и поинаква матрица на владеење!
Ние имаме знаење, умеење и квалитети да им ги покажеме тие вредности на граѓаните час поскоро!, тврди Каракамишева која го придружува Мицкоски на лидерските средби.

Поврзани новости