Кој лаже: Филипче вели немале целосна документација, „Ахр лаб“ велат не ни аплицирале на тендерот

by fokus

„Ахр лаб“ нема поднесено понуда на  тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи, соопшти нејзиниот управител Александар Јовановски, реагирајќи на написи во кои се спомнувало името на оваа компанија.

– Моето име и името на моето семејство, чии компании ги претставуваме, работат во Македонија повеќе од 30 години токму во делот со набавка на медицинска опрема, потрошен материјал, реагенси и слично. Сите што пренесоа лажни информации барам веднаш  да ги отстранат од своите медиуми и јавно да се извинат за искажаните лажни ставови. Во спротивно ќе бидам принуден да поведам правна постапка за заштита на мојот углед и на мојата чест, наведува Јовановски.

Министерството за здравство денеска соопшти дека ја прекинува тендерската постапка за набавка поради пoстоење неправилности во документацијата на што укажала првичната евалуација.

Поврзани новости