Канческа Милевска за затворската казна за Груевски: Македонија си има извршна, законодавна и судска власт

by fokus

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска во вечерашното интервју за емисијата 360 степени рече дека нема потреба да ја коментира затворската казна за Никола Груевски.

-Не сакам да коментирам судски пресуди, имаме извршна, законодавна и судска власт и нема потреба јас да коментирам, рече Канческа Милевска.

Претходно, таа рече дека таа го почитува уставниот поредок на државата и дека сите треба да се обединат за интересите на државата.

Поврзани новости