Неофицијално: Мицкоски го исклучи и Сашо Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков е исклучен од партијата, објави 1 ТВ.

Иако тој самиот демантираше каква било вмешаност во актуелните случувања поврзани со обезбедувањето на двотретинското мнозинство за почнување на процесот за уставни измени во законодавниот дом, сепак претседателот на партијата Христијан Мицкоски се одлучил на ваков чекор и покрај противењето на голем број на членови и симпатизери.

Неофицијално Мицкоски пред своите најблиски членови од раководството ова го објаснил како борба против „мијалковистите“.

Поврзани новости