Јанушев: Некој ќе кешира од набавката на медицински хелихотпер вредна 72 милиони евра

by Фокус

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, обвини дека се подготвува коруптивна набавка на хелихоптер за медицински цели во вкупна вредност од 72 милиони евра.

„Деновиве слушам спремале нов проект, набавка на хеликоптер за медицински цели (medevac chopper) кој на на годишно ниво ќе не чини 8 милиони евра, а договорот ќе бил на 9 години, значи вкупно 72 милиони евра. Веројатно некој планира добро да “искешира” имајќи го во предвид фактот на цената на чинење на овој тип на воздухоплов. Ова доаѓа во време кога во болниците нема лекови, докторите имаат плати под достоинството, а граѓаните се целосно незадоволни. И додека нема ни за основни средства очигледно следува уште една вносна зделка во здравството“, напиша Јанушев на фејсбук.

Исто така, тој посочи дека поради случувањата за аферата Рекет, целосно се оттргна вниманието од скандалот со набавката на М-НАВ што го диригирал владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Поврзани новости