Тепачка по фудбалски натпревар во Аеродром, приведени шест лица, едно момче прободено

by fokus

Шест лица се приведени во групна тепачка вчера на булеварот „АСНОМ“ во Аеродром, по фудбалски натпревар. Неколку лица се здобиле со повреди во тепачката, а 22-годишно момеч било прободено во левата рака.

„На 11.08.2019  во 19,30 часот во ПС Аеродром биле приведени Ѓ.М.(22), К.Х.(35), Б.А.(65), Ф.С.(19), Д.Т. (33) и А.М. (22) сите од Скопје поради физичка пресметка по завршување на фудбалски натпревар  на булеварот „АСНОМ“, во близина на стадионот „Петар Милошевски“. При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а А.М. се здобил со повреда  од остар предмет на левата рака. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости