Децата пораснаа, фамилијарните летувања се проретчија: Александра Заева на романтичен одмор!

by fokus

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра веќе една недела одмора со момчето Иван Проданов на Малта, истовремено додека нејзините родители се на летување, како што изјавија претходно, на неколку дена во Охрид и Грција.

Фотографии од романтичниот одмор на своите социјални профили, кои се отворени за јавноста споделуваат и двајцата, Александра и Иван. Помеѓу традиционалното фамилијарно летување со родителите и помлиот брат Душко, и романтичен одмор со момчето, младата Заева се одлучила за втората варијанта.

Уште минатиот месец сопругата на премиерот, Зорица, за „Фокус” раскажа дека се уште не знаат во каков состав ќе летуваат, бидејќи децата веќе се пораснати.

-Уште не знаеме дали ќе заминеме на семејно летување, со децата, или пак годинава ќе одмораме сами со Зоран. Александра и Душко веќе се големи, нормален процес е тоа, повеќе сакаат да летуваат со свое друштво, како и нивните врсници-ни изјави Заева тогаш.

Ненаметливата ќерка на премиерот, која годинава беше матурантка е во врска со Иван неколку години. Минатото лето тие одмораа на островот Крф, а често споделуваат заеднички фотографии и од патувања во разни земји.

И покрај тоа што интересот на јавноста за неа е голем, таа сепак не сака да се експонира и важи за скромна личност.

Во мај годинава, кога матурираше, Заеви ни потврдија дека Александра веќе ја избрала својата животна професија и планирала да студира медицина. Семејството не било изненадено од нејзината одлука, бидејќи од најмала возраст таа била доста сочувствителна и сакала да помага.

И Иван е доктор по професија, а во април годинава, ја сподели веста дека дипломирал, објавувајќи фотографија на која позира во бел мантил со стетоскоп, по што доби голем број на честитки.

-Безбедноста на пациентите е највисокиот закон – порача тогаш Проданов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости