Јаулески: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлуки, Управниот суд ги потврди тие одлуки. Кога има суштествени повреди на изборниот законик во однос на ливче плус, несогласување на терминал со гласачи, должност на членовите на ДИК, согласно законот, е да го поништат тоа избирачко место и не би влегувал во тие теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе, рече Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„На овие демократски избори, како што ги оквалификуваа и ОБСЕ/ОДИХР и сите политички чинители во Република Македонија, доколку се прегласува, тие избори повторно ќе бидат демократски. Важно е изборниот процес да мине согласно правилата и секој да го оствари својот глас“, порача Јаулески.

Поврзани новости