Обвинителството бара притвор за судијата Наке Георгиев

by fokus

Откако денеска во акција на МВР беше уапсен врховниот судија Наке Георгиев, Судскиот совет вечерва закажа итна седница за на полноќ, бидејќи Обвинителството бара и да му се одреди мерка притвор.

,,Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи итна седница на ден 20.05.2024 година (понеделник) со почеток во 24,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

За 487-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 20.05.2024 година, со почеток во 24,00 часот.
Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија, велат од Судски совет.

МВР денеска информираа за кое дело е осомничен судијата, кој неофицијално бил уапсен за мито од 10.000 евра.

Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело `Примање награда за против законито влијание`.
Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

В.В.

Поврзани новости