Јанаки Митровски: Долг е патот од првостепена пресуда до Идризово

by fokus

Адвокатот Јанаки Митровски во вечерашното гостување на 1ТВ зборувајќи за денешните судски пресуди за Сашо Мијалков и останатите истакна дека долг е патот од првостепена пресуда до капијата на Идризово.

-Казните во оваа пресуда не се високи за дел од обвинетите, претпоставувам бидејќи тоа не го слушнавме, изреченета казна тоа го налага дека е извршено вонредно убалжување на санкциите. Пресудите ги оценувам како очекувани врз основа на тоа што го слушнавме во текот на постапката. Целата јавност треба да знае дека долг е патот од првостепена пресуда до капијата на Идризово, истакна Митровски.

Зборуваше и за тоа дали од Апелација ќе има поинаков исход бидејќи судството не е реформирано.

-Не може да биде судството реформирано. Имате речиси ист состав на судскиот совет, истите кои одработуваа за претходната власт. Сега гледам се супер пратнери на новата извршна власт. Не гледам што е сменето од сите оние валкани извршители кои претходно доминираа во судството. Меѓутоа би бил пообјективен и новата извршна власт да не се воздржува од употребување на старите кадри кои очигледно се се уште потребни. Пред сѐ мислам на кадрите во Врховниот суд, рече Митровски.

Поврзани новости