Пендаровски вечерва пријавил во МВР дека е следен

by fokus

Стево Пендаровски вечерва во СВР Скопје пријавил дека бил следен од тајни служби блиски до опозицијата, дознава МКД.мк. По вчерашната изјава на Пендаровски дека бил следен, денеска МВР го повика претседателскиот кандидат на владеачката коалиција да ги сподели своите сознанија со полициските органи.

Очекуваме за сознанијата што вели дека ги има да достави соодветна пријава до полицијата, изјавија денеска од МВР, по што вечерва Пендаровски тоа и го сторил.

Пендаровски во двете последни интервјуа се пожали дека има сознанија дека веќе 10 дена го следеле тајни служби, блиски до опозицијата и дека доказ за тоа биле три фотографии од него објавени на социјалните мрежи.

Поврзани новости