Силјановска: Го критикував и груевизмот, една фамилија сега е замената со друга

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска во вечерашното интервју не се согласи со тезата дека во минатато не зборувала толку жестоко против „груевизмот“, како сега против „заевизмот“.

-Мислам дека важни се вредностите право, правда, еднаквост. Ги освоив срцата на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не сум дежурен политички аналитичар. Многу внимавам да не се појавувам по медиуми, нели освен сега кога сум кандидат. Не се согласувам дека сум го премолчела груевизмот, го критикував за авторитарното владеење, за криминалот, за корупција. Не споредувајте ме со дежурните професори аналитичари. Една фамилија сега е замената со друга, констатираше Силјановска.

Поврзани новости