Ја задавила мајка си во расправија заради пари, притвор за скопјанката која ја уби својата мајка

by fokus

На 46-годишната А.И. од Скопје и е определена мерка притвор од 30 дена откако вчера ја задави својата мајка во семејната куќа во Карпош, по што се пријави во полиција. Од Обвинителство денеска информираат дека е отворена истражна постапка за убиство против А.И.

„Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од живот сопствената мајка. Како мотив за сторување на кривичното дело навела меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства. Дежурен јавен обвинител веднаш излезе на увид на лице место, во домот во кој мајката и ќерката живееле заедно. Притоа, затекнатото безживотно тело на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената. Надлежниот суд го прифати предлогот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена“, соопштија од Обвинителство.

Поврзани новости