Израел планира четврта доза вакцина

by Fokus

Израелскиот премиер Нафтали Бенет даде инструкции да почнат подготовките за давање четврта доза вакцина против коронавирус за одредени групи од населението.

Панел здравствени експерти препорачаа четврта доза вакцина за постарите од 60 години, ризичните групи и медицинскиот персонал. Со тоа Израел ќе стане првата земја во светот што ќе дава четврта доза на дел од населението.

Се предвидува четвртата доза да се дава најмалку четири месеци по третата доза.

За да стапи во сила претстои да биде одобрена од директорот на Министерството за здравство Нахман Аш.

Поврзани новости