Излезеност на избирачи во Тиквешко

by fokus

Во Општина Неготино до 11.30 часот гласале 1.030 граѓани, односно 14,55 отсто од избирачите.

Според последниот извештај на ДИК, право на глас имаат 15.983 избирачи, а отворени се 28 гласачки места.

Во Кавадарци, пак, право на глас имаат 32.163 граѓани, а до 11.30 часот гласале 4.542 лица, односно 14,14 отсто. Отворени се 60 гласачки места.

Во Демир Капија гласале 507 граѓани, односно 15,62 отсто од вкупно 3.250 избирачи.

Во Општина Росоман излезеноста е 13,08 отсто, односно гласале 437 гласачи од вкупно 3.343.

Поврзани новости