ОБСЕ/ОДИХР: Систематски ги набљудуваме овие избори

by fokus

Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи низ земјата, кои ќе ни овозможат систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави шефот на Mисијата  на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во земјава, Тана де Зулуета.

-Бидејќи не станува збор за географски голема земја, со над 100 набљудувачи може да добиете статистички значајна анализа за спроведувањето на изборите. Задоволни сме што тоа можеме добро да го направиме – посочи Де Зулуета.

Во однос на проблемите кои се регистрирани со употребата на терминалите за отпечаток од прст при гласањето, таа вели дека станува збор за нова технологија чиј примена се следи.

-Рано е да се дадат какви било заклучоци, но ги нотираме сите проблеми доколку ги има, како и одговорот на гласачите. Ќе видиме како ќе се одвива денот. За проценката ќе треба да почекате до утре, затоа што како што знаете, не сакаме да коментираме за време на гласањето – рече таа.

Поврзани новости