Иванов презадоволен од победата на Ердоган

by Фокус 12:29
12:29

Со големо задоволство ја примив веста дека турските граѓани Ви ја дадоа довербата и Ве избраа за претседател на Турција. Во свое лично име и во име на граѓаните на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки за изборот и искрени желби за успешно извршување на одговорната функција, се вели во честитката што претседателот Ѓорге Иванов му ја испрати утринава на новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Доскорешниот турски премиер вчера во говорот по првите непосредни претседателски избори во Турција својата победа уште во првиот круг ја посвети и на Скопје.

- Advertising -

„Дозволете ми, почитуван Претседателе, во оваа свечена пригода, да го изразам задоволството од исклучително високиот степен на традиционални пријателски односи и соработка меѓу нашите земји. Уверен сум дека во наредниот период соработката не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира во сите области од заемен интерес, за што сакам да ја повторам мојата и на Република Македонија целосна подготвеност. Би сакал да искажам благодарност за безрезервната поддршка која Република Турција и ја дава на Република Македонија на патот на евроатлантската интеграција, како и да ја истакнам длабоката увереност и очекувањето дека истата ќе продолжи и во претстојниот период“, стои во честитката.

Поврзани новости