„Жетва“ на македонски регистарски таблички по грчките плажи

by Фокус

На пет македонски возила во Грција им се украдени регистарските таблички и сопствениците на автомобилите инцидентите вчера ги пријавиле на граничните премини Богородица и Меџитлија, информира полицијата.

На Богородица, пријавено е дека на патничко моторно возило „рено“ со скопска регистрација му биле украдени двете регистарски ознаки во Олимпик Бич, а на истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки му се случило истото во туристичкото место Катерини – Паралија.

На Меџитлија, кражба на регистарски ознаки пријавиле битолчанец, кој управувал „пасат“, а летувал во Паралија, ресенчанец, кој возел „опел астра“ и летувал во Олимпик Бич, а таму настрадал и „опелот“ на една охриѓанка.

„Исто така на Меџитлија“ на 27.07.2014 година пријавено е оштетувањето на патничко моторно возило марка „широко“ со битолски регистарски ознаки. На двете регистарски таблички им бил оштетен кодот „МК“ (прекриен со црн спреј), а на самото возило имало и оштетувања со црн спреј на предниот дел од ПМВ на хаубата и на задниот дел поточно на вратата од гепекот со натпис ,,SLAV“. Настанот се случил во туристичкото место Лептокарија, а за истиот е известена и грчката полиција, но не е добиен записник“, се вели во денешното соопштение на МВР.

Поврзани новости