Иванов: Да го чуваме ова парче земја, тоа е се што имаме

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија, во која вели дека вооруженото востание против фашистичкиот окупатор донесе слободата и остварувањето на сонот за формирање на македонска држава.

„Македонија секогаш била на страната на слободата и демократијата и со овие вредности нема правење компромиси. Затоа обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за просперитетна Република Македонија, приклучувајќи се како рамноправна држава во обединета Европа, Европа во која ќе нема мали и големи, позначајни и помалку вредни, Европа базирана на рамноправност, еднаквост и солидарност, Европа ‒ лулка на демократијата“, истакнува Иванов.

Тој порача дека на овој голем празник сите треба да се потсетат на заветот на предците достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи, како што вели тој, тоа е се што имаме.

Поврзани новости