Инцидент во Соборна: Уапсено едно лице поради агресивно однесување

by Fokus

Инцидент се случил синоќа во Соборниот храм на Партизански одреди пред велигденската богослужба при што едно лице агресивно се однесувало, дознава „Фокус“. Инцидентот се најде и во полицискиот билтен.

„На 15.04.2023 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на бул. „Партизански одреди“ го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните во објектот. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Поврзани новости