Интерактивна табла за изборите во САД: Прекинато броењето во Невада, продолжува утре

by Fokus

Во американската сојузна држава Невада, пребројувањето на гласовите ќе продолжи утре во 9 часот по локално време, објави денеска Едисон Рисрч.

Според порталот „Брејкинг њуз“, останува да се избројат гласовите кои пристигнаа на денот на изборите и оние што ќе пристигнат следната недела.

Досега се преброени околу 70 отсто од гласовите, а засега кандидатот на демократите Џо Бајден има мала предност, од околу 8.000 гласови.

Невада „тежи“ 6 електорски гласови.

Трката за тоа дали Доналд Трамп ќе остане уште четири години во Белата куќа или ќе биде првиот претседател во САД кој по децении ќе замине по само еден мандат и на негово место ќе дојде демократотот Џозеф Бајден, кој ќе стане најстариот избран претседател на САД.

На интерактивната мапа во продолжение, може да ги следите во живо резултатите од пребројувањето на гласовите, што„Фокус“ ја презеде од Гласот на Америка.

 

Актуелниот претседател на САД, доби изненадувачка поддршка меѓу латиноамериканските и другите не-бели гласачи, но изгуби поддршка од белците и постарите лица, објави „Едисон рисрч“ врз основа на своите излезни анкети.

Тие покажуваат дека Трамп ги освоил државите Флорида и Тексас делумно поради новата поддршка од латино-гласачите.

Во 2016 година, Трамп успеа да освои 40 проценти од латиноамериканците во трката против кандидатката на демократите Хилари Клинтон. Оваа година, според излезните анкети тој годинава добил 30 проценти од припадниците на друга раса, за разлика од пред четири години кога тој процент бил 20.

Излезните анкети на „Едисон Рисрч“ исто така покажуваат дека Трамп убедливо ги добил и гласовите на белците на Флорида – годинава за него гласале 60 проценти, исто како и во 2016 година.

Проценката е дека Трамп до победата на Флорида доаѓа преку освојување на гласовите на кубанско-американските гласачи во Јужна Флорида, каде промовираше цврста политика кон Куба и Венецуела и прикажување на Бајден и демократите како „социјалисти“.

Во Тексас, 40 проценти од латино-гласачите гласале за Трамп, што е повеќе отколку во 2016 година, според излезните анкети во оваа сојузна држава.

Националните анкети на „Едисон Рисрч“ покажуваат дека иако Бајден води пред Трамп меѓу припадниците на другите раси, Трамп оваа година освои поголем дел од нивните гласови отколку во 2016 година.

Единаесет проценти од Афроамериканците, 31 процент од латиноамериканците и 30 проценти од азиските Американци гласаа за Трамп, што е за три процентни поени повеќе од пред четири години во сите три групи.

Анкетите на „Едисон рисрч“ покажуваат дека најверојатно републиканскиот претседател изгубил одредена поддршка меѓу белците и постарите гласачи во Џорџија, Пенсилванија и Висконсин.

Трамп ги освои сите овие три држави во 2016 година, но резултатот од изборите оваа година се уште не е познат досега, при што моментално во Висконсин има водство на Бајден, но тоа не е конечно.

Анкетите на „Едисон“ покажуваат и дека Трамп собра 70 проценти од белите гласови во Џорџија, додека во 2016 година уживаше поддршка од 80 проценти од белците – мажи. Шеесет проценти од гласачите до 65 години гласале за него во Џорџија, што е помалку од пред четири години.

Се чини дека Трамп ја изгуби поддршката во Пенсилванија, федерална држава што може да одлучи за победникот на изборите, меѓу белците, матурантите и оние под 44 години.

Анкетите покажуваат дека 61 процент од белците мажи го поддржуваат реизборот на Трамп, што е за три процентни поени помалку од 2016 година.

За Трамп гласале 40 проценти од гласачите со диплома, што е за 5 процентни поени помалку од пред четири години, а 33 проценти од гласачите на возраст меѓу 18 и 44 години, што е за девет процентни поени помалку.

Но, Трамп во Пенсилванија освои поддршка од 56 проценти од гласачите над 45 години, што е зголемување за три процентни поени.

Во Висконсин, 60 проценти од белците без диплома гласаа за Трамп, што е помалку отколку во 2016 година. Четириесет проценти од независните овој пат го поддржаа Трамп, додека пред четири години тој беше поддржан од половина од оние кои се декларирале како неопределени.

Она што ги изненади експертите и јавноста е што се уште не може ни да се насети кој ќе биде победникот, нешто што досега не било случај во САД. Тоа, според аналитичарите се должи делумно на големиот број гласачи пред денот на изборите и на оние кои гласаа по пошта, поради што различни сојузни држави имаат различен капацитет и правила на броење.

Податоците во моментов (тие постојано се менуваат) Бајден има предност од 0,3 проценти во однос на Трамп во Висконсин по преброени 89 отсто гласови – Бајден освои 49,3 проценти од гласовите во Висконсин, а Трамп 49. Ако Бајден победи во Висконсин, тој ќе има најмалку 248 места во Изборниот колеџ.

Според досегашните податоци, Пенсилванија, Мичиген и Висконски се клуч за победа на еден од кандидатите. Се уште не се преброени избирачките ливчиња испратени по пошта и тоа може да потрае неколку денови.

По преброени 64 отсто од гласачките ливчиња, американскиот лидер ја предводи Пенсилванија со скоро 700 000 гласови (2,96 милиони гласови или 55 отсто). Во Мичиген, со преброени 82 отсто од гласачките ливчиња, Трамп води со 200 000 гласови (51,5 отсто).

Резултатите од Невада, Северна Каролина и Џорџија се уште не се познати.

Според ова, трката и натаму останува тесна, иако Трамп веќе прогласи победи и најави дека ќе побара од Врховниот суд пребројувањето на сите гласови да се запре „затоа што е очигледно дека републиканците водат во преостанатите неколку држави и дека Бајден и демократите не можат да ги стигнат“.

Ваквиот став на Трамп, од кампањата на Бајден го оценија како „навредлив, невиден досега и неточен“.

Тој го обвини Трамп за „гол обид за одземање на демократските права на американските граѓани“.

Поврзани новости