„Имиџ ПР“ одбележа 15 години успешна работа

by fokus

Со промоција на првата македонска современа бајка „Мистериозното јајце“, Агенцијата за односи со јавност и комуникациски менаџмент Имиџ ПР одбележа 15 години делување на македонскиот пазар. „Мистериозното јајце“ е современа бајка од младиот Оливер Коларевски, кој освен што е автор на приказната, целосно ги изработи и илустрациите.

Имиџ ПР е првата специјализирана агенција за односи со јавност во Македонија, која во изминатиот период, освен во корпоративниот сегмент, работеше и на развојот на професионалните и етички стандарди во струката. Како пионер во оваа област во Македонија, тимот на Имиџ ПР има одржано стотици часови едукација за подигнување на стандардите во примената на односите со јавност, наменети пред сѐ за идните професионалци во овој домен.

„Наша мисија во изминатите години беше креирање успешни приказни и нивна афирмација во јавноста, базирани на факти и во насока на создавање нови вредности за целото општество. Развојот на заедницата е одговорност на сите нас, па тргнувајќи од таа максима, целта на Имиџ ПР беше и останува, преку поврзување на различни субјекти, да создава нови можности што ќе креираат развој. Остануваме посветени на тоа и ветуваме уште многу нови успешни приказни за сите“истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, директорка на Имиџ ПР.

„Фокус“ им честита 15 години успешна работа.

Поврзани новости