945
Најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси вчера стави потпис на иницијативата за реизбор на Ѓорѓе Иванов за претседател на Република Македонија. Тој потврди дека вчера потпишал некои хартии, но рече дека мислел оти се работи за нов договор со Барселона.
– Не знаев дека се потпишувам за Иванов, не знам ни кој е Иванов, но денеска ми се јавија и ми рекоа дека е океј човек. Така што да, го поддржувам – изјави Меси телефонски за македонските новинари кои вчера го преплавија со повици и смс-ови поврзани со неговиот потпис за Иванов.