И битолската полиција со кривични пријави против „Шарените“

by fokus

Битолската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26 учесници во демонстрациите на Шарената револуција поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, Сите пријавени лица се од Битола, соопшти СВР Битола.

Во полицискиот билтен стои дека пријавените во периодот од 17 април до 27.април во четири наврати сториле кривично дело  „Оштетување туѓи предмети“ врз објект- зграда на Општина Битола, која со решение од  1977 година се води како споменик на културата. „Пријавените одделно и во различни периоди делата ги извршувале на начин што со фрлање на тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата од зградата“, стои во полициското известување.

СВР Битола соопшти дека на информативен разговор биле повикани 16 учесници на протестите, а деветмина граѓани не биле обезбедени за службен разговор.

Поврзани новости