ДОМ: Колкава штета се прави на Водно?

by fokus

На Светскиот ден на животната средина ДОМ бара трајна заштита на Водно од градежната офанзива.

„ДОМ огорчено констатира дека се уште нема одговор од надлежните, на реакциите за дивеењето над Детската клиника Козле, каде незаконски се сече шума за пробивање пат за изградба на објекти. Ни по увидот на инспекциските служби на Град Скопје, јавноста не дозна колкава штета е направена и од кого; постои ли формална дозвола, кој ја издал и според кој закон; какви објекти се предвидени; која институција стои зад ова варварство: општината, градот или владата.Јавноста мора да ги знае овие информации, бидејќи станува збор за простор од јавен интерес, со биолошки вредности. Зеленот појас на Водно го чисти воздухот, ја смалува температурата, штити од ерозија, го регулира водниот режим, силно влијае врз биодиверзитетот и квалитетот на живот на граѓаните на Скопје“, реагира ДОМ.

Поврзани новости