Обоени ви се деновите, од понеделник ништо нема да биде исто

by fokus

„Нема веќе да не гледаат од шест, но ќе не гледаат секој ден – се посилни. Од 6 јуни веќе ништо нема да биде исто!“, порача Шарената револуција вечерва за време на протестот пред Собрание.

Според демонстрантите, дојде време да се стави крај на кризата во Македонија. Тие најавија дека од понеделник, на 6 јуни, точно пет години од убиството на Мартин Нешкоски, ќе соопштат нивен план за излез од кризата, со цврсти рокови, од кои, како што нагласија, нема да отстапат.

Владата денеска беше првата станица на боењето чаталот од страна на демонстрантите на Шарената револуција.

На улицата пред седиштето на власта, “командосите“ со боја испишаа „Обоени ви се деновите“.

фото Радиомоф

Поврзани новости