Хрватска покрена истрага против двајца Македонци за обид за убиство

by Fokus

Државното правобранителство на Пула покрена истрага против двајца државјани на Македонија, а делото кое се случило на 13-ти овој месец, е квалификувано како обид за убиство, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Според информациите, маж на 32 години од Македонија со остар предмет избодел двајца Хрвати во пределот на градниот кош.

Обвинителството побарало од судијата да му одреди мерка притвор на 32-годишниот Македонец, додека пак на второобвинетиот му биле одредени мерки на претпазливост и забрана да се приближува и да воспоставува контакт со сведоците и нападнатите.

Поврзани новости