Хорхе не е во првата екипа што ќе го насели Марс

by lali

Оваа разочарувачка информација, Македонците ја дочекаа со гнев и негодување затоа што повторно ни е направена огромна неправда. Просто е неверојатна одлуката на Марс да не отпатува ниту еден егземплар на најстарата нација на светот, македоноид со потекло од Паљурци. За да биде разочарувањето уште поголемо, во избраните нема ниту примерок од сродното племе – Хунзи.

Холандската фондација „Марс Оне“ во септември имаше повеќе од 200.000 кандидатури за проектот-телевизиско ријалити шоу програма на црвената планета, со цел до 2025 година да се насели Марс без можност за враќање на Земјата. Фондацијата, по испитувањето ги избрала 1.058 патници, меѓу кои 586 мажи и 472 жени, со просечна возраст од 35 години. Од „Марс Оне“ за сега издадоа само кратко соопштение за новиот, потесен круг.

„До 2015 година, меѓу шест и десет екипи со по четири лица ќе имаат подготовки за заминување“, соопшти фондацијата и додаде дека најпрво ќе ја испрати најдобро подготвената екипа која треба на лице место да пронајде извор на кислород, вода и да започне да одгледува храна.

Но, надешта не треба да биде сосема изгубена. Другата екипа ќе биде испратена во 2018 година. Целиот проект на фондацијата чини повеќе од шест милијарди долари.

Поврзани новости