Хакирана страницата на руската државна телевизија: „ТВ и властите лажат“

by Fokus

Владимир Путин беше понижен, кога на страницата на руската државна телевизија на интернет, се најдоа пораки од анти-воени демонстранти за време на националниот „Ден на победата“, оценува британски Експрес.

Денеска, 9 мај, Русите ја одбележуваат победата над нацистичка Германија на крајот од Втората светска војна. Во долгоочекуваниот говор, Путин направи споредба меѓу војната во Украина во денешно време и руските обиди во 1940-те.

Но, часови претходно, хакери влегоа во онлајн програмата на руската телевизија и тврдеа дека земјата има „крв на своите раце“.

Францис Скар од Би-Би-Си објави видео на Твитер, каде може да се види резултатот од хакирањето.

Содржините од програмата беа сменети во анти-воени пораки.

Пораките беа преведени, а дел од нив објавени: „на вашите раце е крвта на илјадници Украинци и нивните стотици убиени деца“, „ТВ и властите лажат“, „Не за војна“…

Со паралела меѓу „специјалната воена операција“ што е во тек и Втората светска војна, Путин, преведен од Макс Седон од Фајненшл тајмс, изјави:

– Да се брани Русија е секогаш свето… вие се борете за нашите луѓе во Донбас, за безбедноста на нашата татковина.

Ова не е првпат на руската државна телевизија да упаднат анти-воени демонстранти. Најпознатиот случај беше во март, кога уредничката во рускиот канал еден, Марина Овсјаникова, го прекина одењето во живо, појавувајќи се во заднина со напис „не за војна“.

Поврзани новости