Груевски за Илинден на семакедонска средба во Трново

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, за денешниот празник ќе биде дел од семакедонската средба во село Трново во Битола. Средбата е во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, и годинава се организатори на Четириесет и петтата Светска Македонска Иселеничка Средба и на Триесет и шесттата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Во името на организаторите на Семакедонската Средба, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска Илинденска Декларација.

Во оваа декларација ќе се побара  безусловен крај на разговорите за разликата во државното име со Владата во Атина, продолжување на членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под дрважното име Македонија, македонско државјанство за Македонците по потекло во светот и враќање на државјанствата, граѓанските права и имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949.

Поврзани новости