Груевски однапред се извинува ако во некој дом не стигне на отворањето на новогодишните подароци

by lali

Кабинетот на премиерот Никола Груевски денеска испрати соопштение во кое се нагласува желбата на водачот да излезе во пресрет на сите граѓани и да стигне во сечиј дом за сечењето на лентите и отворањето на подароците, но се остава простор поради временски неприлики или бројност на подароците да не успее да стигне секаде.

“Јавноста знае колку премиерот милува да сече ленти. Никогаш за ништо не би го пропуштил тој среќен миг на вашата интимна семејна веселба. Тој има специјални ножици за сечење ленти и со драго срце ќе помогне во отворањето на подароците. Во неговото срце има место за сите вас. Сепак, во негово име сакаме да замолиме за разбирање, посебно од најмладите, ако некаде не успееме да стигнеме”, се вели меѓу другото во владиното соопштение.

Поврзани новости