Груби се жали дека ВМРО-ДПМНЕ напаѓа членови од неговото семејство

by Fokus

Откако обвинувања беа денеска упатени до првиот вицепремиер, Артан Груби и членови на неговото семејство од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со објава на Фејсбук попладнево реагираше и самиот Груби.

Тој вели дека како јавна личност очекувал и ќе се соочи со кампањата на клевети, но не верувал дека од опозициската партија можеле да паднат толку ниско и да напаѓаат членови на неговото семејство.

– Денешните обвинувања и клевети на ВМРО ДПМНЕ и довчерашните на албанските експоненти и нивните познати пријатели во случаите Алфа, Монструм и Дива Населба, освен што се лаги без никакви факти и претставуваат најниско можно ниво на политика, се добро координирани и продолжение на нивната заедничка кампања за оштетување на ДУИ, претседателот, мене и високите експоненти на ДУИ, како и на реформскиот и интегративен пат преку Алијансата за Европа наспроти изолирачките сили предводени од ВМРО и помогнати од некои Албанци, за жал, кои целосно се ставија во служба на овие напори против проевропските сили – вели Груби во реакцијата објавена на Фесјбук.

Поврзани новости