Груби бара одговори од финансиската полиција за акцијата во Љуботен

by Fokus

Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.

Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, преку својот Фејсбук профил бара одговори од финансиската полиција.

-Финансиската полиција треба да објасни и оправда врз основа на која проценка имаше потреба од толку големо и сериозно присуство на полицијата во Љуботен. Спектаклите и демонстрацијата на сила се често непотребно и контраефективни дури и во случаеви кога постои сомнеж за злоупотреба која што треба да се санционира пропорционално доколку се утврди, напиша тој.

Поврзани новости