Пратениците Груби и Димков ќе учествуваат во изборот на вработените во Агенцијата за национална безбедност

by fokus

Пратениците Трајко Димков и Артан Груби денеска беа избрани за членови на Изборната комисија која ќе врши избор на оние кои ќе бидат во Агенцијата за национална безбедност.

Другите членови на Комисијата за селекција доаѓаат од Министерството за внатрешни работи и Управата за безбедност и контраразузнавање. До 20 август комисиите ќе треба да го комплетираат кадарот, додека Агенцијата за национална безбедност ќе почне да работи во септември. Нејзиниот директор, Виктор Димовски, информира дека е во тек и процесот за избор на негов заменик и за обезбедување на работни простории.

Агенцијата за национална безбедност ќе има потреба од помалку вработени отколку што имаше старата УБК. Оние кои нема да ги поминат филтрите за вработување во агенцијата ќе бидат распределени во МВР или други институции. Агенцијата за национална безбедност беше формирана како резултат на реформскиот процес во безбедносните служби за замена на УБК.

Поврзани новости