Грција преку комисија го следи спроведувањето на Преспанскиот договор

by Фокус

Грчката влада преку комисија го следи спроведувањето на Договорот од Преспа, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во интервјуто за грчкото радио „Параполитика”.

– Постои една комисија која што е за книгите, а од друга страна постои една комисија што во име на грчката влада го следи проведувањето на овој договор – рече Варвициотис.

Според него, Договорот од Преспа не одговори на националните стандарди на грчката страна и затоа, истакна тој, сега се справуваат со последиците.

Поврзани новости