Не фрлајте цигари, догорчиња и стакло на отворено, предупредувања во пресрет на жолтата фаза

by fokus

Поради најавите за топлотен бран Дирекција за заштита и спасување ги информира граѓаните, дека под влијание на многутопла воздушна маса во наредните денови ќе има пораст на температурите на воздухот.

Како што соопштија од УХМР особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.

„Дирекцијата за заштита и спасување покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита испасување, презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно, ДЗС апелира до Локалната самоуправа, граѓаните и посетителите на Република Северна Македонија, да внимаваат кога се на отворено и:

-да не се фрлаат цигари и догорчиња;

-да не се фрла стаклен отпад и стаклени шишиња;

-да не се пали оган и скара на отворен простор и шума;

-да не се дозволува на децата да си играат со запалки, пламен и жар:

-да не се пали отпад и друг горлив материјал;

-да не се палат стрништа и меѓи-имајте на ум дека почетниот пожар може да се изгасне со една чаша вода;

-ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, веќе се преземени превентивни мерки, од март донесена е забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми. Забраната ќе трае се до нејзиното отповикување.

Поврзани новости