Граѓаните кои направиле погрешен избор на локација за вакцинирање, да се вакцинираат во местото во кое живеат

by Fokus

Граѓаните при закажување на веб страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат, поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале. Ова денеска го соопшти Министерството за здравство откако на социјалните мрежи се појавија информации од граѓани, дека за вакцинација добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат системот, по што Мој Термин направил анализа на состојбата.

Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска, во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Не е потребно повторно да се пријават ниту на vakcinacija.mk ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација, се наведува во соопштението.  

Поврзани новости