Градоначалникот на Прилеп не се појави на ист настан со Ковачевски, реагираат од СДСМ

by Fokus

Социјалдемократскиот сојуз реагира на денешното непојавување на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески на настан на кој присуствувал премиерот Димитар Ковачевски, оценувајќи го потегот на прилепскиот градски татко како „срамен и скандалозен“.

-Срамно и скандалозно е однесувањето на Борче Јовчески градоначалникот на општина Прилеп. Иако уредно поканет Јовчески не се појавил на денешниот настан со премиерот Димитар Ковачевски. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го осуди ваквиот потег, дополнително лаже дека наводно не бил поканет. Тоа што не се појави на промоција на капитална инвестиција за Прилеп, доволно кажува за лажната грижа на градоначалникот Јовчески за Прилеп и прилепчани, реагираат од СДСМ.

-Освен што не работат ништо, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат настани на Владата и сето тоа на штета на своите општини и своите сограѓани. Секојдневно се потврдува дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување“, велат од владејачката партија.

Поврзани новости