Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот

by fokus 15:29
15:29

ВМРО-ДПМНЕ бара од владата и од СДСМ веднаш и неодложно да ја укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна. Како што изјави денеска  Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, трошоците за економијата се огромни, се работи за повеќе од 40 милиони евра на годишно ниво.

„Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци. Доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е дека откако Зоран Заев е премиер цената на дизелот во Македонија се зголеми од 46 на 65 денари. Тоа е зголемување од повеќе од 40%.

- Advertisements -

Повеќе од 40% отиде нагоре цената на дизелот во времето на владата на Зоран Заев. Бројките се страшни, се влошуваат и од тие причини треба да имаме одговорни економски политики кои што ќе ја ублажат болката која што ја чувствува и стопанството и граѓаните и сите оние претпријатија чија што фундаментална дејност е директно поврзана со транспортот, пласманот, дизелот и сето она што им е потребно за работа“, рече Ѓорчев.

Поврзани новости