Со месеци се преведува пресудата за „Диво Насеље“ распослана на 800 страници

by fokus

И по седум месеци од донесувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“, пресудата сѐ уште не е преведена на албански јазик и не им е доставена на обвинетите, поради што сѐ уште не се поднесени ниту жалбите до Апелациониот суд.

Оваа пресуда е распослана на 800 страници, поради што од Кривичниот суд на помош повикале и преведувачи од Апелациониот суд.

Со пресудата, која беше изречена на почетокот на ноември, за кумановскиот вооружен напад, седумина од обвинетите беа осудени на доживотен затвор, 13 на  единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина на затвор од 20 години, еден обвинет на 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази беа ослободени од обвиненија

Поврзани новости