Голем пожар во Грција

by Фокус

Голем пожар беснее во близина на Александруполи, главниот град на областа Еврос во провинцијата Тракија на североистокот на Грција, кој избувна во раните утрински часови.

Пожарот се прошири поради силниот ветер што дува во околината, веќе втор ден беснее без контрола, а малку понатаму во Пефка и Етохорија од огнената стихија уништени се девет куќи.

Противпожарната служба соопшти дека ветерот повторно се засилил утринава околу седум часот и дека предниот дел на пожарот се движи во правец на Лутро и Агнадија, пренесува Прототема.

Во саботата напладне пожарот ја зафати областа Игнација Одос, каде сообраќајот беше рано запрен и продолжи да се движи кон југозапад под влијание на североисточниот ветер од шест до седум бофори (од 40 до 60 километри на час).

Граѓаните во седум села во регионот на Еврос, на североистокот на Грција, вчера во текот на денот преку итна порака биле информирани дека треба да се подготват за евакуација поради шумски пожар.

Поврзани новости