Голем хуманитарен концерт во Неготино: Градот ќе се сплоти за Василие!

by Fokus

Во недела, на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи хуманитарен концерт за четиринаесет годишниот Василие Петридов.

Концертот го организира Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Неготино заедно со Фолкорен ансамбл “Ацо Ѓорчев” Неготино и музичките групи Чардак, Харизма бенд, Да Капо бенд и Финеса бенд.

Музичкиот хуманитарен концерт е со цел да се соберат донации за Василие, кој боледува од ретка болест, прогресивна мускулна дистрофија. За неговото лекување потребни се 46.000 евра за три третмани со репрограмирани матични клетки во Москва, Русија, кај доктор Пјетар Гарјаев. Направен е прв третман на седми март, по што имало очигледни подобрувања.

Неготинчани ја поздравуваат идејата за концертот и на социјалните мрежи апелираат за масовност, со цел да му се помогне на малиот сограѓанин. Концертот е со почеток од 19:30 часот. Сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат, можат да донираат на: Трансакциска сметка: 270-700024464707 Телефонски броеви за донации: Телеком 070 143 444 и ВИП.Оне 143 464

Вики Клинчарова

Поврзани новости