Договорот испратен за потпис кај Иванов

by Fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери по усвојувањето на денешната седница го потпиша Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство.

Џафери потоа го испрати Законот во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој треба да го потпише неговиот указ.

Претседателот Иванов има рок од седум дена да го потпише. Тој во изминатите денови соопшти, а денеска и повтори дека нема да го поддржи, ниту да го потпише договорот бидејќи, според него, е штетен.

Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

Поврзани новости