Георгиевски до Судот: Ми треба пасошот за купување лекови од странство

by fokus

По жалба на обвинетиот Љупчо Георгиевски во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, за проневерени 156 милиони евра државни пари од изградбата на кинеските автопати, почна јавната расправа во Апелациониот суд Скопје.

Како што пренесува порталот СДК, Георгиевски се пожалил дека често патува и поради болест, морал да купува лекови кои што се продаваат само во земјите на ЕУ.

На Георгиевски му е одземен пасошот од страна на кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, како мерка поради опасност од бегство од Македонија.

Од СЈО сметаат дека оваа мерка треба да остане во сила, а ако има обвинетиот потреба од патување во странство, ова обвинителство ќе му го дозволи тоа, рече специјалниот обвинител Гаврил Бубевски, кој го застапува СЈО со Стевчо Донев.

Тука прекина расправата, а одлука по жалбата кривичниот совет на Скопска апелација треба да донесе во наредните денови. Сега следи нова седница, каде жалител против истата изречена мерка е поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски. Третообвинет е Миле Јанакиески, а посебен обвинителен предлог во „Траекторија“ има и против Никола Груевски, за незаконито примање награда, т.е. провизија.

Поврзани новости